Коректор значи нешто што ги покрива недостатоците на лицето. Коректорорт одсекогаш имал важна улога во шминкањето, а особено за подготовка на лицето пред фотографирање, филм, ТВ настап или слично.
Обликот на вашето лице не можете да го смените, но можете да експериментирате со бојата на коректорот за да го истакнете она најубавото од вашето лице и да ги покриете недостатоците.
Како да користите коректор?
Коректорите се разликуваат по боја и текстура. Доаѓаат во течна состојба, креми во прав или како стикови, но подолу ќе го објасниме нивното користење по бои.
На сликата погоре ќе ги видите основните правила за нанесување на коректор во боја, секако дека нема да ги употребите сите бои во исто време и со ист интензитет, но сликата може да ви послужи како оквир преку кој ќе откриете како да ја нагласите својата убавина со коректор.
Коректор за темни кругови под очите
Добриот коректор за темни кругови под очите има во себе жолта база. Жолтата боја на коректорот ја неутрализира темната боја на темните кругови.
Коректор за покривање на тетоважи
Со претпоставка дека станува збор за сина тетоважа користете жолт коректор. Исто така, изберете водоотпорен и постојан, за да не ви остави траги на облеката.
Темни флеки на лицето
Исто така изберете жолт коректор.
Модрици
Жолтите модрици можете да ги покриете со коректор со розова нијанса, а црвените модрици со зелен коректор.
Акни и црвени точки
За овие проблеми користете зелен коректор, но внимавајте пред коректорот да нанесете квалитетна пудра.
