Еден од наједноставните методи за отстранување на влакненцата е секако бричењето. Многу дами во текот на летото најчесто на овој начин ги отстрануваат влакненцата, па затоа ви даваме неколку совети како е најдобро да го одржувате вашиот брич за да остане остар и корисен.
Секако, би било подобро да користите од поексклузивните, но и тие за еднократна употреба можат да послужат.
Прво и основно правило е никогаш да не ги бричите нозете на суво. Тоа не е добро ниту за вашата кожа, ниту пак за вашиот брич.
Второ, и не помалку важно правило, е секогаш да го плакнете бричот при употреба, а трето, можеби и најважно правило, како го оставате бричот до следното користење.
Запомнете, важно е да стои на суво место, без многу влага, а по неговото користење секогаш да го пребришете со сува крпа. Доколку почне жилетот да рѓосува, при следното користење нанесете маслиново масло.
