Маскарата се нанесува за да ги истакнете вашите трепки и да им дадете на очите поголем акцент. За сите оние кои имаат помали и не толку густи трепки, веќе можат да си напават маскара скоја е наменета за издолжување и волумен.
Но, не е сè до маскарата. Треба да знаете и правилно да ја нанесте. Со правилно нанесување ефектот на маскарата може двојно да го зголемите.
Првиот чекор е извиткување на трепките. Со виткач, извиткајте ги трепките. Доколку немате употребете лажица. Со внатрешната страна на лажицата кренете ги трепките нагоре. Лажицата држете ја припиена на окото неколку секунди.
Потоа следи нанесување на маскара. Мора да напоменеме дека четката исто така игра голема улога во нанесувањето. Секогаш бирајте дебела четка со природни влакна. Нанесувањето на маскарата започнете го од доле, од коренот на трепките и со движења кон лево и десно извлекувајте нагоре. Така ќе го зголемите волуменот на трепките.
Потоа почнете со нагорни прави движења, од коренот кон врвот на трепките.
Следи нанесување со кратки и брзи потези на врвовите на трепките кои се наоѓаат на надворешниот агол од окото. Со врвот на четката распоредете ги убаво, доколку се залепиле при ставање намаскара.
Ќе бидете изненадени од изгледот на вашите трепки.
