Art & Crafts

Како да направите свеќа од портокал за една минута (видео)

Портокалите се богати со витамини и обезбедуваат одлична поддршка на нашиот имунитет. Од вкусните портокали може да направите многу десерти и здрави напитоци, но и романтично осветлување.

За да ја направите оваа овошна свеќа, покрај портокалите потребно ви е и маслиново масло.

Засечете ја кората на портокалот на половината и внимателно отстранете ја кората, притоа оставајќи го стебленцето. Во садот од портокал ставете од маслиновото масло и натопете го стебленцето. Од остатокот од кората може да направите и штит кој ќе го задржува пламенот.

Бидете трпеливи кога ја палите свеќата, ќе биде потребно повеќе време за да се создаде пламен. Романтичната атмосфера со оваа свеќа може да трае од 6 до 8 часа.

Погледнете го видеото за подетални инструкции.

Write A Comment