Убавина

Како да се шминкате во топлите летни денови

Многу жени се прашуваат дали може да бидат убаво нашминкани и кога живата ќе се искачи до неподносливи жештини. Одговорот е секако да. Само избегнувајте ги овие грешки.

Сончајте се, не ставајте пудра

Заборавете на тешката основа за вашата шминка во текот на летото. Избегнувајте ја течната пудра и размачкувачки основи, а евентуалните несовршености на кожата сокријте ги со лесна пудра во прав, или коректор. Ако добиете убав тен, основата нема да ви биде потребна.

Истакнете го исончаното лице

Исончаното лице истакнете го со бронзер. Не го ставајте преку целото лице, туку аплицирајте на страните кај челото, носот и брадата, како и на јаболчниците.

Избегнете разлевање на маскарата

На високи температури потта се цеди од вашето тело, сенката за очи ја снемува за момент, а максарата се размачкува по очите. За да го избегнете ефектот на “паднати очи”, користете водоотпорни производи. Би било добро да вложите во квалитетни и кремасти сенки за очи кои траат подолго.

Не користете силни руменила

Летото е идеално време да го намалите шминкањето, а исончаниот тен ви осигурува убав изглед во секое време. Избегнувајте нанесување на силни руменила и сенки, во текот на денот зашитете ги усните со балсам, а навечер користете сјај во нежни пастелни нијанси.

Најважен украс на лицето…

..е здравата кожа. Каде и да се наоѓате ова лето и што и да правите, важно е да ја заштитите кожата на лицето од штетните УВ зраци. Пред излегување на сонце, намачкајте го лицето со крема за сончање со висок фактор и редовно аплицирајте во текот на денот.

Write A Comment