Има едно верување дека доколку бремената има киселини, тоа значи дека бебенцето ќе се роди со косичка. Не знаеме колку е тоа точно, но вистината е дека киселините се доста непријатни. Затоа, ако сакате да ја ублажите непријатноста, следете ги овие едноставни трикови.
Избегнувајте зачинета храна и газирани пијалоци.
Обидете се да не се прејадувате. Подобро јадете на 2-3 часа по малку, отколку оденднаш да земете голема количина на храна.
Не легнувајте веднаш после јадење! Почекајте најмалку еден час. Направете си кратка прошетка. Исправената позиција помага при варењето на храната.
Не се наведнувајте, клекнувајте. Особено, ако штотуку сте јаделе. Напрегањето на стомакот може да предизвика гадење и киселини.
Пијте мелко. Освен против киселини, тоа е многу корисно за вас и вашето бебе, бидејќи содржи калциум.
Џвакајте ја храната. Точно дека апетитот ви е доста голем и брзате да се најадете. Но многу е важно добро да ја изџвакате храната пред да ја проголтате. Тка ќе му ја олесните работата на желудникот и нема да чувствувате тежина.
Ако многу ве мачат киселините, растворете лажичка сода во малку вода и испијте ја. Тоа не е најдобриот метод против киселини, но барем е природен и нема да ви наштети ниту на вас ниту на вашето бебе.