Motherhood

Како да се забавува вашето дете кога е болно?

Кога се болни, децата сакаат да имаат посебен третман со целосно внимание посветено на нив. Читајте му некоја книга која тоа само ќе ја одбере.  Одушевете го вашето дете со разгледување албуми со слики. Покажете му какви биле мајка му и татко му пред  да се венчаат. Пронајдете ваши заеднички слики од одмор. Измешајте ги сликите и заедно вратете ги назад во албумот.

Купете му куп боенки, колаж хартија, цртајте со вашето дете и времето ќе помине, а вашето дете барем за миг ќе заборави на болеста. Може да купите и сложувалка, и заедно да ја сложувате.

Потрудете се да ги пронајдете најновите игри кои вашето дете не ги играло дотогаш и пуштете го во овој период да ужива колку сака во она во што вообичаено има ограничување. Оставете го да се забавува со нешто што го прави среќно.

Кога вашето дете е болно, тоа бара повеќе внимание од вообичаено. Посветете го вашето слободно време на вашето дете, а на обврските заборавете барем тие неколку дена додека е болно. Давајте му љубов. Искористете ја таа прилика за да поминете повеќе време со него.

Write A Comment