Многу луѓе во животот прават грешки, бидејќи пробуваат да го пронајдат вистинскиот партнер за себе, а не се познаваат ни самите себе. Морате најпрво да се запознаете себе, за да можете да пронајдете некој кој ви одговара. Тоа можете да го направите со неколку едноставни чекори.
* Пред се морате да го скате животот онаков каков што е. Во ред е ако сте сами. Еден ден и вие ќе имате некој покрај себе.
* Пробајте да сватите кои се вашите желби и да разграничите сами со себе што очекувате и дали тие очекувања можат да се остварат.
* Ако во нешто не сте добри не морате да се занимавате со тоа. Доколку не сте способни за нешто сепак пробајте. Можеби сте и талентирани, а не сте свесни за тоа, бидејќи се плашите дека ќе загубите. Кој не ризикува, не профитира.
* Пробајте да бидете реални кон себе, а во друштво однесувајте се така да бидете интересни. Сменете го начинот на живот. Доколку сте се затвориле дома и гледате турски серии бидете сигурни дека никому нема да бидете интересни.
* Ако имате некои недостатоци и свесни сте за нив, па ви се случува понекогаш да направите нешто што другите луѓе не го очекуваат од вас, немојте да се извинувате. Со постојано извинување само се понижувате себе си, без потреба.
* Ако некој се однесува лошо кон вас секако треба да застанете во своја одбрана и да се браните. Никогаш и на никого во животот не смеете да му дозволите да ве понижува.
