Најчесто организирањето на свадби започува со планирање на буџетот, затоа што свадбените церемонии и забави чинат едно мало богатство. Ви претставуваме неколку совети кои ќе ви помогнат да заштедите пари при планирањето на вашата венчавка:
Преговарајте за тоа што го сакате: Сите продавачи се спремни да преговараат за своите цени, било да станува збор за музиката, организаторите, планерите… Не се срамете да побарате попуст, бидејќи конкуренцијата во свадбената индустрија е огромна и тие секако ќе направат се за да ве задржат како клиент.
Почнете да купувате порано: Доколку ги започнете подготовките порано, ќе имате повеќе шанса да видите што се нуди на пазарот, па и да направите подобра зделка.
Зачленете се во списанија за невести: Ваквиот вид на списанија секогаш нуди купони за попусти, како и одлични идеи и совети како да заштедите кога ја планирате вашата венчавка.
Поставете приоритети: Размислете за она што ви е важно за свадбената церемонија, а што не. На пример, доколку сакате убава и скапа венчаница, откажете се од најскапите покани.
Минимизирајте ја листата на гости: На пример, не мора да ги поканите сите гости да дојдат во вашиот дом. Веселбата во домот е само за најблиските, останатите би требало да дојдат дирекно на местото каде ќе биде забавата.
