Витаминот Б12, во изминатите истражувања го споредуваат со најдобрите лакови за борба против карциномот и малигните клетки. Прочитајте основни вистини за него:
- Го разоруваат: температура, сончева светлина, киселини и алкалии, алкохол и таблети за спиење.
- Познат е како “црвен витамин” – тоа е црвено кристално соединение кое содржи фосфор и кобалт.
- Витаминот Б12 е единствен витамин кој содржи есенцијални минерални елементи.
- Не се асимилира добро низ желудникот, и затоа за време на абсорбција мора да се комбинира со калциум за организмот од него да има вистинска корист.
- Цијанкобаламинот е облик на витаминот Б12 кој ни е достапен во вид на витамински таблети.
- Преку урината се излачува минимално количество од 0,0003 mg дневно.
- Калциумот е неопходен за апсорбција на витаминот Б12.
- Недостигот на витаминот Б12 лесно доведува до недостиг на витаминот Б1 и обратно.
- Недостигот најчесто се јавува кај стригите вегетаријанци.
- Неопходен е за нормална функција и одржување на интегритетот на нервните и епителните клетки.
- Ја подобрува концентрацијата, помнењето и рамнотежата.
- Учествува во формирањето и регенерацијата на црвените крвни зрнца, што значи дека штити од анемија.
- Го помага растот и го зголемува апетитот кај децата.
- Добро ги искористува јаглените хидрати, мастите и белковините.
- Ја ублажува состојбата на раздразливост.
- Една од антиканцерогените комбинации е витаминот Б12 + витаминот Ц.
- Апсорбцијата ја помагаат: Б-комплекс, Б6, Б11, Цм холинм инозитол, натриум, калиум и неомицин.
- Апсорбцијата ја одмогнуваат: цигари, кафе, алкохол, лаксатив, аминосалицијална киселина и др.
