Здраво тело

Како до ефикасна диета!?

Диетите не треба да се краткотрајни и ригорозни. Наглите и брзи диети може да не доведат до нагло слабеење и нарушување на здравјето поради малиот внес на витамини и минерали, отколку што на организмот му е потребно. Покрај тоа, после таквите диети доаѓа до јо-јо ефект, па по завршувањеето на диетата килограмите се “враќаат забрзано”. Исто така, опасно е после успешно спреведената диета да се “почастите” со некои премногу големи оброци или со преголема количина на слатки.

Пред почетокот на било која диета, исклучително е важно да се консултирате со лекар или нутриционист за тоа што и колку да јадете и со кои спортски актвиности да се занимавате, за да не би се нарушило Вашето здравје.

За ефикасно намалување на непотребната тежина, важно е да се занимавате со одредени и лесни физички или спортски актиности, за да би ги согориле непотребните калории и да ги затегнете мускулите при намалување на тежината. И извршувањето на физичките активности треба да ги правите по совет од експерт, за да не би дошло до воспалување на мускулите или некои повреди.

Кај сите овие диети важно е што правите после, бидејќи кога ќе се заврши со диетата, треба да се продолжи со правилна исхрана и умерени физички активности, за да би се одржала достигнатата посакувана (намалена) тежина.

Диетите се оправдани посебно ако прекумерната тежина почне да го загрозува здравјето. Тогаш со помош на диета треба што побрзо да ги намалите непотрбените килограми и да ги одржите на тоа ниво, за здравјето повторно да не се загрози.

Експертите советуваат да се избегнуваат диетите во кои се бројат калориите, бидејќи е тоа навистина тешка диета. Искуствата покажуваат дека таквите диети на “долги патеки” не се ефикасни, а особите често после завршувањето на диетата, имаат психички проблеми бидејќи стануваат опседнати со неефикасно намалување на тежината.

Ригорозните диети кои советуваат само пост, можат да бидат штетни, бидејќи вообичаено го пореметуваат внесот на корисни материи во организмот.

Write A Comment