← НАЗАД НА БОЗА

Како до поубава кожа

Како до поубава кожа
619 Читања

Ако почнете да водите сметка за овие корисни совети, ќе бидете блиску до свежа и здрава кожа.

Миење два пати дневно

Миење на лицето наутро и навечер е сосем доволно, нема потреба да го миете неколку пати на ден.

Престанете да користите груби ракавици или сапун кој ја иритира кожата

Водете сметка дека кога ја отстранувате шминката оили кога се миете не користите нешто што би можело да го отстрани природниот слој на маснотии од вашата кожа и да предизвика воспаление, односно црвенило. Користете тоници за осетлива кожа, оние кои имаат средства кои ја смируваат кожата, како камилица, зелен чак. Доколку имате масна кожа на која брзо се појавуваат акни користете тоник за чистење кој содржи салицилна киселина.

Умерено користење на пилинг

Со години ензимите кои ја чистат кожата и ја обновуваат, почнуваат да се намалуваат па нашата кожа не е повеќе еластична и отпорна. Тогаш се препорачува користење на пилинг креми кои ги отстрануваат мртвите клетки, ги омекнуваат порите и кожата ја прават свежа и мека. Скоро секој дерматолог советува пилинзите да се користат навечер, односно пред спиење, кога кожата е во фаза на опоравување. Два пати неделно е сосема доволно, односно препорачливо.

Задолжително отстранувајте ја шминката пред спиење

Може да ви се случи да сте толку уморни да немате сила да ја извадите шминката по исцрпливиот ден. Со обзир на тоа дека шминката ги затвара порите и влијае на работата на масните супстанви кои се викаат себум и кои ја штитат нашата кожа, сепак би требало да побарате еден мал атом на енергија.

Миење со топла вода

Ова е особено важно во зима кога кожата е сува. Топлата вода претендира дополнително да ја исуши кожата, па затоа се препорачува да користите млака или ладна вода.

Избегнувајте ракавици или марамици за чистење на кожата

Ракавиците и марамиците за чистење на лице се совршени во ситуации во кои немате време,  но никако не смеете да ги користите секојдневно. За целосен и најдобар ефект единствен лек се кремите и пилинзите кои доволно длабински ја чистат вашата кожа.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk