Чистењето на рерната е сигурно една од најтешките домашни работи. Покрај тоа што бара физичка активност, воглавно не ја сакаме поради хемикалиите на кои сме изложени додека ја извршуваме. Затоа, обидете се со нешто сосема поинакво.
Еве како:
На почеток истругајте ги сите парчиња кои можеби се наожаат на дното на рерната, најдобро што можете.
Потоа, во следните два дена, рерната прскајте ја со мешавина од две лажици сода бикарбона и вода, а во меѓувреме нормално користете ја. По два дена испрскајте ја рерната последен пат со оваа мешавина, па испечете тура колаиња или ручек, а кога ќе се подолади рерната, и додека е сеуште млака, поченете со рибање.
Ќе ви биде доволен еден обичен сунѓар за садови за да ја исчистите сета нечистотија, бидејќи навистина лесно се вади, ќе видите и самите.
Откако сте ја избришале рерната, едноставно вклучете ја на многу ниска температура 20 минути да се исуши сосема и тоа е тоа.
