Дали умеете да го пуштите вашиот ум и да уживате во тишина? Британскиот филозоф Алан Вотс одржа говор за моќта на умот и константната грижа. Според него, нашиот ум константно е во грч, а во него мислите константно се вртат во круг и не ви дозволуваат да се опуштите. Во ова видео, тој фантастично ја илустрира цикличната грижа и нејзините етапи, поради што ни изгледа дека нашиот ум никогаш не може да се стиши.
– Откатко ќе научите да мислите, просто не можете да застанете. Голем број на луѓе го посветуваат својот живот на постојано зафатен ум, а поради тоа ни станува многу непријатно кога сме сами во тишина – тврди Алан Вотс.
Ако сте и вие личност која постојано се грижи и размислува, послушајте ги советите на овој мудар човек.
Кога ве мачи некоја грижа, таа константно ви стои во потсвеста. Вашиот ум тогап се навикнува да размислува за тоа, а со време вие нема да можете да го запрете, колку и да се трудите. Тогаш почнувате да се нервирате зошто толку размислувате за вашиот проблем и така почнувате да се “грижите затоа што се грижите”.
Не е лесно да се исклучите, а со модерните технологии ни е сè потешко да бидеме сами со себе, во целосна тишина. Уште потешко е да се инвестира напор и да се обидувате да го исклучите умот, бидејќи така се создава контраефект.
Најдобро е само да престанете да се обидувате да се исклучите. Кога го оставате умот на мира, тој се смирува самиот, а Алан за тоа препорачува медитација.
