Art & Crafts

Како правилно да одбереме крема за лице?

Кремот за лице не е универзално средство, еден ист крем може да делува различно на вас и на вашата пријателка. Ете зошто е важно кремот да го изберете според типот на кожата – нормална, мрсна, сува, комбинирана или осетлива. Не заборавајте исто така дека кожата може да се измени под влијание на различни фактори – смена на сезоната или хормонални варијации по време на месечниот циклус. Затоа внимавајте каков крем ќе изберете!

Нормалната кожа е еластична и мека со речиси невидливи пори. За среќните припаднички на оваа група изборот на крем не е тежок бидејќи можат да користат скоро се. Единствено што треба да прават е секојдневниот ритуал – чистење, тонизирање и хидратација на кожата.

Мрсната кожа е навистина проблематична. Таа изгледа прекрасно после чистење но само после неколку часа започнува да блешти. Освен тоа е магнет за разноразни акни. За ваков тип на кожа се препорачува хидратантен крем и редовно чистење на лицето.

Ако кожата ви е сува и се забележуваат ситни брчки околу очите и устата, тогаш после чистење изгледа уште по сува и оптегната. Проблемот се решава со употреба на хранлив крем навечер и хидратантен во текот на денот. Се препорачува и редовна употреба на маски за лице.

Комбинираната кожа е мрсна во Т зоната и сува во останатиот дел од лицето. Затоа во овој случај најдобро е да користите крем и за сува и за мрсна кожа. Поскапо е но најефикасно го решава проблемот. Тоник нанесувајте само на мрсниот дел од лицето, а за сувите делови користете хидратантна козметика.

Осетливата кожа се познава по нежната боја и мекоста на лицето. Оваа кожа е склона кон алергии, воспаленија и раширени капилари. Ова е најделикатниот тип кожа кој бара малку повеќе грижа од останатите. Се употребува козметика со природен состав и хипоалергени формуи. Кога купувате крем секогаш предходно направете тест за алергична реакција.

Write A Comment