Убавина

Како сами да отстраните гел лак

Гел лакот во последно време е супер популарен а има и зошто. Различни брендови нудат широк спектар на бои, многу подолготраен е од обичните (спокојно може да издржи најмалку 2-3 недели), го задржува сјајот и брзо се суши.

Се разбира, гел лаковите имаат и еден доста непријатен недостаток – тешко се отстрануваат. Бидејќи не можете да го отстраните со обичен ацетон, ќе треба да одделите дополнителна сума на пари за маникир.

Многу жени решаваат да заштедат и сами да се справат со тоа, па така прават многу грешки со кои го повредуваат ноктот.

Ние ви нудиме неколку вредни совети како правилно да се отстрани гел лакот во домашни услови.

Потребно ви е:

Турпија за нокти

Ацетон

Алуминиумска фолија (исечена на ленти, за да ги завиткате ноктите)

Алатче за буткање на кожичките

Масло за нокти/крем за раце

Инструкции:

Најпрво внимателно отстранете го горниот слој на гелот со мека турпија. Внимавајте да не ја повредите плочката на ноктот.

Натопете малку памук во ацетон и ставете го дирекно на ноктот. Завиткајте го секој прст со алуминиумска фолија и оставете да отстои барем 10-15 минути.

4

Полека отстранете ја фолијата. Гел лакот треба да е омекнат и да може лесно да го отстраните. Може да си помогнете и со алатчето за буткање на кожички. Конечно исполирајте ги ноктите.

По оваа постапка е добро да ги потхраните ноктите со специјално масло за нокти.

Еве и едно видео, кое може да ви помогне:

Напиши коментар