Иако модните трендови постојано се менуваат, парчињата од тексас секогаш успеваат да го задржат своето место на must have листата.
Парчињата од тексас, како што се фармерките, јакните и кошулите исклучително лесно можат да се комбинираат со принтови, различни материјали и бои и се одличен избор кога станува збор за опуштена дневна варијанта.
Во комбинација со тексасот, класичните комбинации стануваат поинтересни, а вистинско освежување е кога ќе се вклопат со ефектни додатоци. Погледнете ја нашата галерија и откијте како славните дами го носат ова парче на безвременски материјал.










