Убавина

Како со храна да изгледате помладо!

Дали е можно да имате сјајна кожа, свилена коса и мусклулно тело и после 40-тата година? Апсолутно! Денес многу научни истражувања се занимаваат со разновидни работи за тоа како да го задржиме здравјето и убавиот изглед и во подоцнежните години.

Еве некои корисни совети на експертите околу тоа:

Јадете “шарена” храна на секои 4-5 саати, Како поминуваат годините, Вашата природна заштита на кожата опаѓа. Но, сепак, ако Вашата исхрана е богата со овошје и зеленчук, тогаш можете да го забавите појавувањето на брчките. Постојат над 100-на антиоксиданти, но најважни се витаминот Ц (го има во доматот, лимонот, грепфрутот, портокалот, лутата пиперка и др.), витаминот Е (го има во оревите и авокадото), кверцетинот (во лукот и брокулата) и каретоноидите (во лиснатиот зеленчук, компирот и др.).

Пијте повеќе течности, Како старееме, нашето чувство за жед се менува, стануваме подложни на дехидрација. Една од првите последици е помала еластичност на кожата и појава на првите “фини линии”. Осум чаши вода дневно е препорачаната количина. Ако не сте љубител на водата, замена може да биде зелениот чај или не масното млеко. Овошјето и зеленчукот содржат природна течност, што им дава сочност. Најдобра ефикаснот може да се постигне ако за ручек или вешера консумирате говедска супа. За доручек можете да консумирате житарки во не масно или сојино млеко.

Користете 30% калории од протеинот, После триесетата година, Вашата мусклуна маса се намалува за 3-8% по декада. Последица на тоа е малата моќ и енергија. Лекови за оваа појава се редовен кондиционен тренинг и исхрана богата со протеини. Научно е докажано дека поголем внес на протеини ја чува мускулната маса на жените над 50-тата година. Протеините се исто така клуч за потиснување на заморот, одржување на стабилното ниво на шеќер во крвта и за регенерација и растот на ќелиите. Експертите предлагаат дека 30% од дневниот внес треба да го добивате од храната богата со протеини, како што се животинското месо, морските плодови, не масните производи и од намирниците од соја.

Вклучете во исхраната најразлични житарки, Интегралните житарки се богати со антиоксиданти, а ги има многу врсти на пр. кафениот ориз, просото, овес, зоб и др.

Изгледајте убаво и по зрелите години.

Write A Comment