Кога месите тесто за кифли или за некое друго печиво и кога тестото треба да надојде а вие немате многу време да чекате, садот во кој се наоѓа замесеното тесто ставете го во друг поголем сад во кој ќе ставите топла вода. Од самата топлина на водата и од квасецот тестото за многу пократко време ќе надојде и ќе биде спремно за понатамошна обработка.

