Убавина

Како ви се допаѓа маникирот на Џеј Ло?

Гледајќи новото видео на Џенифер Лопез ” I Luh Ya Papi ” се запрашавме дали има човек кој  обратил внимание на деталите во видеото, а не само на страсната пејачка и нејзините сочни облини.

Џеј Ло е жена со самодоверба и за своите 44 години преживеала многу. Со задоволство се враќа назад во годините, често зборува за деновите во ” The Bronx “, гето кварт во Њујорк. Токму нејзините години како не толку позната личност ја создале оваа амбициозна личност, која се бори со нокти и заби, за да ги постигне своите цели.

За нејзиното најново видео за кое веќе пишувавме сексапилната ѕвезда изгледот го доверила на Том Бачик,  кој создал посебен изглед на нејзините нокти.

Нејзините нокти претставуваат комбинација на геометриски принтови и графити натписи инспирирани од модната куќа Версаче. Дали ви се допаѓа маникирот на Џенифер?

Том Бачик ја споделил креативноста од скицата, до готовите нокти.

Напиши коментар