Здраво тело

Како за 10 дена да отстраните камен од бубрегот со помош на просо? (Рецепт)

Обичното просо е достапно, едноставно и навистина волшебно средство за лекување на бубрезите. Многумина тврдат дека тоа им помогнало да заборават на проблемите со бубрезите. Во народната медицина се користи како природен лек за лекување на уролитијаза (создавање на камен во мокрачата и уротрактот). Ефикасно ги чисти бубрезите, го елиминира песокот и слузот, ги отстранува ситните камења од бубрезите и бешиката, помага кај женските болести и лекува циститис.

Инаку, просото е една од најпознатите житарици кое поседува висока хранлива вредност и лековити својства. Ви предлагаме една навистина волшебен и делотвортен рецепт од руската народна медицина за лекување на бубрезите кој ќе ви помогне да ги исчистите од ситните камења.

*Навечер, 1 чаша (200гр) просо измијте го во топла вода.

*Ставете го просото во поголема тегла (од 3 литри) и полиете 2/3 од теглата со врела провриена вода. Затворете, добро протресете, завиткајте го во нешто топло и оставете го да преноќи.

*Следното утро повторно протресете. Ќе забележите бела матна течност во теглата. Ове е вашиот лек!

*Ставете ја таа течност во друг сад. Пиете во текот на денот без ограничување, во било која количина, кога и да посакате.

Просото не го фрлајте. Сварете здрава каша и изедете ја за појадок. (1 чаша просо, 3 чаши вода, се вари 15 минути).

Навечер подгответе нова порција за следниот ден, по истата постапка. Оваа одвара треба да ја пиете 10-15 дена.

РЕЗУЛТАТ: По 10-15 дена каменот ќе се стопи и ќе излезе заедно со урината, а бубрезите ќе бидат исчистени од песок, слуз и камења. Елиминирано е воспалението, обновено е ткивото на бубрезите и органите на уринарниот тракт.

 

Write A Comment