Motherhood

Каква е разликата меѓу љубовта, сексот и бракот?

Освен испарувањето на илузиите и доаѓањето на една нова реалност, каква е другата разлика помеѓу љубовта, бракот и сексот? Можеби овој хумористичен текст ќе ни одговори.

ЉУБОВ: Кога погледите им се среќаваат во толпата.

СЕКС:Кога јазиците им се среќаваат во толпата.

БРАК: Кога едниот крај на неговиот појас воопшто не може да се сретне со другиот и ништо не може да се направи по ова прашање.

ЉУБОВ: Кога сексот се нарекува “водење љубов”.

СЕКС: Кога сексот се нарекува со своето вистинско име.

БРАК: Каков секс?

ЉУБОВ: Кога предмет на дискусија се имињата на идните деца.

СЕКС: Кога предмет на дискусија е кој што му прави на другиот.

БРАК: Кога предмет на дискусија е кој ќе ги измие чиниите.

ЉУБОВ: “Нема ништо страшно ако не стигнеш до…крајот”.

СЕКС: Ако таа не успее – односите се прекинуваат.

БРАК: Што беше тоа?

ЉУБОВ: Кога тој мисли за чувствата на својата партнерка.

СЕКС: Кога никој за ништо не мисли.

БРАК: Кога тој мисли што ќе гледа вечерва на телевизија.

 

Write A Comment