Здраво тело

Камилица и домати за испукани капилари на кожата на лицето

Испуканите капилари на кожата предизвикуваат зцрваенување и создавање на минијатурни мрежички од крвоносните садови. Доколку веќе страдате од овој проблем, применете еден од следните начини за лекување на испукани капилари.

Излупете еден домат и потоа изрендајте го.

Во добиената каша ставете една лажичка ладно цедено масло и загрејете се на пареа неколку минути. Откако ќе се излади, нанесете ја маската по целото лице, но обрнете посебно внимание на засегнатите зони. Почекајте 3-5 минути. На крајот исплакнете со топла вода.

Во една чаша топла минерална вода ставете 3-4 лажици сушени цветови од камилица 10-20 минути. Исцедете и мачкајте ја засегнатата област 10-15 минути со памук натопен во течноста. Правете ја процедурата најмалку една недела.

Напиши коментар