Витаминот Б6 учествува во градењето и разградувањето на сите структури на протеините во нашиот организам. Од тоа произлегуваат следниве функции:
- Градењето на брзо регеренативните ќелии, како што се, кожата, слузокожата, желудникот, цревата, црвените крвни зрнца, ќелиите на црниот дроб.
- Градење на имунолошкиот систем.
- Градењето на нервните трансмитери: допоминот, норадреналинот и серотонинот.
- Градење на протеини во мускулите.
- Разградување на хомоцистеинот, протеините, кој е одговорен за 10% срцеви удари.
- Градењето на витаминот Б3 од триптофанот.
- Го контролира нивото на водата во телото.
- Учествува во снабдувањето со шеќер во резервите на мускулите.
Витамин Б6 – на 100 грама највеќе се наоѓа во:
- Лосос 0,98 мг.
- Сардина 0,96 мг.
- Пилешко 0,53 мг.
- Авокадо 0,46 мг.
- Тиквички 0,46 мг.
- Банани 0,36 мг.
- Компир 0,19 мг
Една банана содржи 36 пати повеќе витамин Б6 од една јаболка. Б витамините во овошното месо, со голема заслуга на дебелата кора, се добро заштитени од уништување од воздухот и светлоста, на тој начин тие самите по себе претставуваат генијално природно пакување.