Мојата кујна

Карфиол со бешамел сос – премногу едноставно да не го пробате

Карфиол со бешамел е едноставно лесно за приготвување но неверојатно вкусно јадење… премногу суперлативи кои одат во прилог на современиот начин на исхрана.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 поголема главица карфиол
Масло за јадење (доколку постите)
или путер
неутрална павлака
1 мала лажица брашно
2 до 3 чешниња лук
1 мала лажичка зачин

ПОДГОТОВКА:

Сварете го карфиолот во солена вода, исцедете го и оставете малку да се олади.
На малку масло за јадење или путер додадете лажичка брашно, чешнињата лук, зачинот и состојките налејте ги со неутрална павлака и оставете да се повари бешамел сосот.
Претходно сварениот и изладен карфиол иситнете го на помали парчиња и парчињата карфиол ставете ги во бешамел сосот. Ставете го во претходно загреана рерна на 200 степени Целзиусови 10 минути.

Јадењето служете го топло

Уживајте!!!

Напиши коментар