Не се претпоставувало дека вака мала земја би имала толку добра инфраструктура, која ќе биде во состојба да го подржи проектот за хотели што пловат. Сепак Катар го прифати тој предизвик. Ова решение моментално е во развој.
Овој проект го дизајнирала финска фирма, Сиге Архитектс и ќе биде дел од серијата хотели што пловат и луксузни станови, кои ќе обликуваат нов остров во близина на Доха. Дизајнирани се во соработка со Глобал Акомодејшн Менаџмент, и во би можеле да прифатат до 25 илјади луѓе.

