Убавина

Кажете му збогум на целулитот за 10 минути на следниот начин

За да се спасите од целулитот, не е доволно само да јадете повеќе овошје и зеленчук и да конзумирате течности. Важно е да го стимулирате крвотокот во засегнатите зони од телото.

За таа цел можете да ја направите следната процедура, која има моќен тонизирачки пилинг ефект. За да ја подготвите оваа чудесна смеса, ставете 3 супени лажици глина, 2 супени лажици мелено кафе или талог од кафе и 3 капки етерично масло од рузмарин.

Растворете ја глината во топла вода додека се претвори во каша, а потоа додадете ги и останатите состојки и добро измешајте. Намачкајте ја маската на зоните со целулит и масирајте енергично околу 10 минути. На крајот исплакнете со топла,а потоа со ладна вода.

Ќе го почувствуватѕе затегнувачкиот ефект уште по првата процедура.

Напиши коментар