ШоуБиз

Ким Кардашијан ги троши парите како да немаат никаква вредност!

Кога сте познати и богати, веројатно е тешко да запрете со купување. Тоа го потврдува и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан која за еден месец успева да потроши дури еден милион долари.

Значителна сума на пари, но не и за Ким, кога имате толку “обврски” на кои морате да им се посветите. Во последно време, таа многу пари потроши за реновирање на домот во кој ќе живее со вереникот Кние Вест и нивната ќерка Норт, а голема страст и е купувањето на дизајнерска облека.

Кога станува збор за подароци, никогаш не штедела. Својот вереник скоро го израдува со Картие часовник од сто илјади долари.

“Целосно сум надвор од контрола кога купувам”, признала Ким.

Ким успева во текот на една недела да потроши околу 30 илјади долари на облека.

“Откако е со Кание, како да се обидува да се трка со него. Откако ја планираат свадбата, трошоците се толку зголемени што и тие самите не знаат како ќе обезбедат се. Оваа жена ги троши парите како да немаат никаква вредност”, рекол еден извор.

Напиши коментар