Покрај тоа што се појави како лице на новиот парфем за мажи Џими Чу, младиот актер Кит Харингтон се појавува и како заштитно лице на нивната кампања за есен/зима 2014.
Креативниот директор на брендот Џими Чу, Сандра Чои имаше само пофални зборови за нивното ново заштитно лице. Таа изјави дека Кит поседува неодолива самодоверба и совршена разиграна природа на бунтовник. Неговиот севкупен мажествен стил, поради кој без никаков напор изгледа “кул”, како и одлична смисла за хумор, се неговите главни карактеристики, покрај фактот што тој е вистински џентлмен. За оваа рекламна кампања, омилениот Џон Сноу беше фотографиран од страна на Питер Линберг во вила во Лос Анџелес.



