Мојата кујна

Ќе се воодушевите од оваа слатка пица

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 лажици путер

* ¼ чаша еурокрем

* ½ чаша иситнето млечно чоколадо

* ½ чаша иситнето бело чоколадо

* 2 лажици ситно исецкани лешници

* тесто за пица (може и купечко)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Тестото за пица премачкајте го со две лажици стопен путер. Печете го во претходно загреана рерна десет минути, се додека не добие златна кора.

Премачкајте го со еурокрем. Посипете го со исецканао бело и млечно чоколадо. Потоа пицата вратете ја во рерна и почекајте чоколадото да се стопи. На крајот додадете ги исецканите лешници.

 

 

 

Write A Comment