Ако мислите дека обичната бела кошула или свилена блуза, не можат да покажат некаков секси изглед, не сте во право. Една од најпознатите и највлијателни модни дами, Оливиа Палермо веќе со години ги стилизира нејзините секојдневни изданија со помош на бела кошула, и тоа онаа која е а два броја поголема, и која изгледа како некој фустан-кошула на нејзиното витко тело.
Класичните модели се задолжителни, а тоа претпоставуваме го имате во плакарот. Минимум едно парче. Ви препорачуваме, покрај обичната да набавите и некоја свилена и малку поширок модел кој ќе може да го комбинирате со тесни фармерки, тесни и макси здолништа, панталони.
За инспирација погледнете ја нашата галерија во која ви претставуваме 9 улични модни комбинации кои се базирани на бела, поголема кошула.








