Здраво тело

Кога гаќичките ќе станат непријател на вашето здравје

За многу жени, при изборот на долна облека најважно е таа да е убава и провокативна. Но, таквиот избор на долна облека  не само што е погрешен, туку и штетен за вашето здравје. Погрешниот избор на долна облека може да предизвика воспаление на уринарниот тракт и инфекции со кои е тешко да излезете на крај. За гаќичките да претставуваат закана за вашето здравје, ви откриваме на што треба да обратите внимание за време на следното купување.

Танга гаќичките се лош избор – Жените сакаат да носат танга, а мажите сакаат да ги гледаат. Но, танга гаќичките се честа причина за воспаление и инфекции, бидејќи без оглед на материјалот од кој се направени, често се движат од страна на страна, што повлекува бактерии на вашите интимни зони. Поради интимното здравје, препорачуваме овие гаќички да ги чувате само за посебни прилики.

Избегнувајте полиестер, чипка и сатен – вештачките материјали не и дозволуваат на кожата да дише и се честа причина за инфекции и им овозможуваат на бактериите полесно да се репродуцираат. Исто како танга гаќичките, долната облека од синтетички материјали оставете ја за посебни прилики, а секојдневно носете памучна долна облека.

Гаќички и вежбање –вежбајте исклучиво во памучна гаќи. Покрај правилен избор на долна облека за теретана, важно е менување веднаш по вежбањето. Влажните гаќички овозможуваат полесно размножување на бактерии, предизвикуваат иритација и воспаление, па затоа не е добро долго да ги задржувате на себе.

Write A Comment