Art & Crafts

Кога имате главоболка, пробајте…

Да избегнете светло и силни звуци

Затворете ги очите, дишете длабоко и со палецот и показалецот од едната рака, притиснете ја кожата помеѓу палецот и показалецот на другата рака. Додека масирате полека, треба на истото место да почувствувате блага болка.

Непотребно е да се каже дека треба нежно да го масирате болното место.

Научете и алтернативни масажи.

Хидратацијата е важен фактор при справување со главоболката. Внесете доволно течности. А доволно значи ако внесувате доста овошје и зеленчук. Доколку јадете јаглехидрати и месо, треба да внесувате повеќе.

Хидротерапијата ја намалува болката и има опуштачко дејство. Особено се препорачува топла купка и ладно туширање.

Изедете јаболко. Природните шеќери ја намалуваат главоболката. Ги има и во другите овошја, а пожелно е да бидат органски или непрскани, бидејќи пестицидите, хербицидите можат да бидат причинители за главоболка.

Што се однесува до фитотерапијата- најдобро е старото, добро нане.

Кај некои, полезна е и масажата на ушната ресичка.

Од помош се и освежувачките облоги околу вратот и главата.

Write A Comment