Дестинации

Кога одите на одмор внимавајте да не ве казнат!

Кога патуваме и одиме на одмор, не секогаш сме запознаени со законите кои владеат во државите кои ги посетуваме. Некои од нив се толку бизарни што не би ви текнало дека може тоа да е пракса на самата држава. Прочитајте и внимавајте следен пат кога ќе заминете во странство 🙂

Возење автомобил со вклучени светла

Законот важи во многу малку земји ширум Европа. Таква е Данска, но и Македонија, возилата мораат да ги имаат вклучено светлата без оглед дали е ден или ноќ.

Џвакање мастика

Додека некои сметаат дека гумите за џвакање се знак на лош бонтон, во Сингапур се одлучиле кривично да ги гонат сите оние кои џвакаат мастика која не е медицински препорачана.

Газење паричка

Во Тајланд газењето на паричка со ликот  на кралот се смета за голема навреда и криминален чин. Тоа важи за злостор за кој ќе одговарате пред суд!

Хранење на гулаби

Доколку се најдете на плоштадот Св. Марко во Венеција немојте да ги храните гулабите. Имено, одлуката е на градската власт, а целта е намалување на бројот на гулаби кои прават штета на историските знаменитости на градот. Поради ова строго е забрането да се хранат гулабите.

Возење без доволно гориво

На автопатите во Германија строго е забрането возење на моторни возила доколку во резервоарот немаат доволно гориво. Возачи, бидете внимателни, доколку полициската контрола забележе дека стрелката “паднала” на резерва ќе имате проблем.

Возење по сандали

И било каде да е, не е препорачливо да се вози со нестабилни обувки, но ако ве фати шпанската полиција кривично ќе одговарате поради ваквиот прекршок.

Уринирање на плажа

Португалската власт одлучила да забрани уринирање на плажите со цел да се одржува чистотата.

Плукање

Плукањето е осудувано во многу градови, ова наводно важи и во Македонија. Во некои од нив, како престолнината Каталонија – Барселона, доколку полицијата ве види дека плукате на улица, најверојатно ќе платите казна.

Носење високи потпетици

Во заштитените историски места како што е грчкиот Акрополис, строго е забрането носење на високи потпетици за да не дојде до оштетување на камењата.

Write A Comment