Prison brake

Кога шефот задава главоболки на работа?

Многу често забораваме дека и шефовите се луѓе. Ако вашиот претпоставен ве затрупува со повеќе работа, тоа може да биде знак дека во вас има најмногу доверба.

Иако критиката и поголемиот обем на работа од вообичаено не беа на листата на новогодишни желби, многумина ни оваа година нема да бидат поштедени на работното место. Но, пред да почнете да се жалите како вашиот шеф/шефица имаат нешто против вас (иако не ја исклучуваме можноста), можеби би требало да размислите за некои од овие работи:

1. Неговата/нејзината работа

Вашата работа помножена со илјада е веројатно како изгледа неговиот/нејзиниот ден. Штом е на таа позиција, секако дека има повеќе одговорности од останатите, а и повеќе работа. Многу често забораваме дека и шефовите се само луѓе. Клучен чекор во намалување на тешкотиите: престанете да ја трошите енергијата на изнаоѓање докази кои ја поддржуваат вашата теза дека вие сте тие кои имаат премногу работа и дека тоа е така бидејќи тој/таа не ве поднесува. Единствено нешто што може и треба да го контролирате е начинот како ја завршувате работата. Тоа некако ќе ви се исплати, бидете сигурни.

2. Доверба

Ако вашиот претпоставен ве затрупува со работа, тоа можеби е знак дека во вас има најмногу доверба, дека работата ќе биде завршена квалитетно. Исто така, критиката не мора да биде нешто што ќе го закопа вашиот труд и работа, туку она што ќе ја подобри истата.

3. Предности пред останатите

Уште еден начин како да ја скротите несигурноста на работното место – бидете тоа што сте. Кога шефот ве прашува за мислење, кажете го она што го мислите, не она што тие би сакале да го чујат. Ним не им треба некој кој клима со главата, туку некој кој има идеи.

Напиши коментар