After Midnight

Кога жената е најплодна?!

При утврдувањето на плодните денови кај жената, односно одредување на деновите на овулација, од помош може да ви бидат и менструалните календари чија основна задача не е само да се одредат плодните денови туку и следењето  на состојбата на телото.
Жената е најплодна некаде кон средината на периодот по завршување на циклусот и доаѓање на новиот. Понекогаш тоа е видливо, бидејќи и се зголемува вагиналниот секрет.
Мора да знаете дека на овулацијата влијаат болестите, стресот, алкохолот, дрогата, па затоа често одредувањето на датумот на плодни денови не е секогаш ист.
Сепак, најчесто плодните денови се на средината на датата од добивање на месечен циклус, па до следната дата за нов циклус, односно во периодот од 12-тиот до 16-тиот  ден ( бројте ги како 28 дена, доколку имате редовен циклус бидејќи по правило жената има редовен циклус само кога има менструација на 28 дена) , кај некои жени трае подолго, а кај некои само неколку часа.
Некои жени може да ја почувствуваат овулацијата, па често имаат зголемен апетит или зголемена сексуална желба. Можеби една од најсигурните методи се едноставните тестови на урината кои покажуваат дали жената е во плодни денови или не.
Исто така често може да се случи жената да има два плодни периоди за време на еден  месец.

Напиши коментар