Лос Анџелес – претставниците на лотаријата во државата Калифорнија САД, чекаат да им се јави победникот кој освоил дури 425,3 милиони долари на лотарија “Pauerbol”, што е шеста по големина добивка во историјата на САД.
Добитничкото ливче било продадено на бензиската пумпа на компанијата “Шеврон” на автопатот во близина на градот Милпитас, околу 60 километри југоисточно од Сан Франциско.
Освен што на среќниот сопственик ќе му донесе речиси половина милијарда долари, ливчето ќе го израдува и сопственикот на продавницата каде што било продадено, бидејќи нему му припаѓа бонус од еден милион долари!
Победникот може да одлучи дали сака целата сума да му се исплаќа на рати во текот на следните 30 години, или веднаш да го подигне целиот износ, изјавиле претставниците на лотаријата.
