← НАЗАД НА БОЗА

Кој град го сметате за најромантичен?

Кој град го сметате за најромантичен?
440 Читања
Париз, Венеција, Виена, Дубровник… толку многу убави градови низ целиот свет, а одлуката за најромантичниот ја донесувате токму вие.

Светот е полн со романтични дестинации – од викторијански гостилници во Сан франциско до симпатични куќички за чај во Кјото. Париз веќе долги години го бираат како омилена романтична дестинација, но постојат уште многу градови кои изобилуваат со убавина и несомнено можат да ја разбудат романтиката во секој.


Квалитетите од кои зависи дали некој град ќе го сметаме за романтичен или неромантичен се од субјективна природа. 

На некои луѓе Буенос Аирес им е најромантичниот град на светот поради танго клубовите и романтичните ресторани.

На други пак повеќе им се допаѓа Будимпешта поради историјата која е видлива скоро на секој чекор.

Некои ќе се одлучат за мароканскиот град Фес кој шармира со својата мистериозност и необичните мириси и вкусови, а на некои им се допаѓа ладната и волшебна Прага.

На други пак, идеал за романтика ќе им биде Дубровник со своите ѕидини и синото море. 

Доколку не успеавте за Денот на вљубените да отпатувате, тогаш пробајте сега, никогаш не ви е доцна за малку романтика и љубов, особено во вакви прекрасни градови.

Прага









Дубровник







Фес







Рим





Виена



Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk