Motherhood

Кој знае подобро од нив? Разведените откриваат 5 клучни совети за успешен брак! (Видео)

Постојат многу истражувања за тоа која е тајната на успешниот брак. Но, кој знае подобро од оние кои научиле на сопствените грешки?

Токму таквите луѓе се главните ѕвезди на ова двeминутно видео, кое овие денови се шири во медиумите и друштвените мрежи, а во него искрено објасниле што научиле од своите пропаднати бракови. Еве што откриле.

Сакајте се себе

Дури неколку луѓе во видеото ги кажале овие два збора. Ако не знаеш да се сакаш себе, нема да можеш во целост да сакаш некој друг. “Стравот од самотија моногумина од нас ги кочи уште повеќе да се посветиме на самите себе, кариерата или забавата. Но, вистината е дека на тој начин ќе бидеме уште поатрактивни за партнерот, отколку ако зависиме од него”.

Внимателно комуницирајте

Откако нешто ќе кажеш, тоа веќе не можеш да го промениш. Токму заради тоа, важно е да знаеш правилно да комуницираш со партнерот, бидејќи комуникацијата е клучна за здрав однос. Многу е важно да можете отворено да разговарате за се, особено околу важните прашања. Без тоа, многу се помали шансите за успех.

Бидете пријатели

Хемијата е важна, но најдобрите бракови се изградени на пријателство.

Не ги заборавајте малите работи

Ситниците, долгорочно гледано, можат да имаат еднаква сила како и големите работи. Кој не сака да добие убава порака за добро утро/добра ноќ, цвеќе или вечера по напорниот ден, која не ја очекувал?

Секс, секс, секс

И уште малку секс. Не престанувајте со него, бидејќи тој е многу важен дел за брачната среќа.

“Ако почнете да броите колку често имате секс, значи дека тоа не го правите доволно”.

httpv://www.youtube.com/watch?v=VdU32A_BglY

Write A Comment