Светлите сенки се одлични за дневна шминка, додека навечер може да нанесете малку појаки бои, а класичното црно моливче во комбинација со моливче во боја е совршен избор за ова лето.
Исончаниот тен бара поинаков третман на шминкање од вообичаениот. Со вистинскиот начин на нанесување на шминка, дури и исушената и неизедначена кожа може да блесне во полн сјај.
Еве неколку совети на кои треба да се придржувате за совршена летна шминка, која вашето исончано лице ќе го направи совршено, а нема премногу да ја оптерети кожата.
Пудра
На исончаната кожа ѝ е потребна добра хидратација. Бидејќи тешките пудри не доаѓаат во предвид, продабјте со некоја полесна варијанта или течен бронзер. Не заборавајте да проверите дали ви одговара нијансата, бидејќи пудрата која ја користите во текот на целата година сега сигурно ви е премногу светла.
Во текот на денот обидете се да ставате што помалку препарати на лице, оставете ја кожата да дише, особено ако сте на море. Комбинацијата сонце и море може само да ви користи, но не заборавајте крема за сончање.
Руменило
Исунчаниот тен има тенденција да изгледа исто, па не е лошо малку да ги нагласите контурите. Нанесете бронзер под јаболчниците, за да добиете длабочина. Секогаш користете две нијанси потемно руменило од вашето лице.
Може да користите течен или камен бронзер. Нанесувајте го малку по малку, бидејќа ако претерате уште на почетокот, тешко ќе го отстраните.
Што се однесува до бојата, праска или корални кон портокалови тонови најдобро одат со исончан тен. Никако не користете розеви варијанти, нив оставете ги за зима.
Сенки
Прво, задолжително нанесете некоја посветла нијанса, како беж –златни тонови, за да го отворите окото и да му дадете сјај. Не е лошо ни да се задржите на посветлите нијанси, но за вечерна шминка слободно додадете потемна сенка од средината кон крајот на окото.
Црното моливче е класика и со него не може да згрешите, но ова лето слободно поиграјте си со моливчиња во боја – портокалови, зелени, златни – ќе стојат одлично во комбинација со исончаниот тен. Може да ги комбинирате и со црно моливче, во два слоја: прво нанесете црно моливче, а над него некој во боја. Во тој случај не претерувајте со сенките.
Кармин
Со исончаниот тен обидете се да избегнете тешки кармини. Во принцип, во лето не се препорачуваат тешки кармини бидејќи на одредени температури почнуваат да се топат, се лизнуваат преку работ на усните, па крајниот резултат е доста лош. Сјаевите се идеална летна варијанта, ги има во сите бои, но внимавајте да не се премасни или прегусти.
Ако сакате мат варијанта, нанесете малку пудра на усните, ставете моливче на целата област и лесен слој кармин. Тоа е добра опција за вечерните часови кога температурите опаѓаат.
