Зелениот и црниот чај потекнуваат од исто растение, меѓутоа тие многу се разликуваат. Погледнете зошто.
Црниот и зелениот чај потекнуваат од растението Cmellia sinesis. Во двата случаи се берат пупките и листовите од горниот слој на растението. Па во што е тогаш разликата? Таа поаѓа од процесот на производсвто, оксидација и од хемиските процеси кои следуваат во текот на подготвката.
Зелен чај
За да се произведе зелен чај, листовите се берат, се сушат и потоа се обработуваат со помош на пареа (јапонски стил) или се печат (кинески стил). Овој процес ја успорува оксидацијата, па листовите ја задржуваат бојата и специфичниот вкус.
Црн чај
За да се произведе црн чај, листовите се сушат, а потоа се ситнат и се гмечат со цел да се забрза оксидацијата пред да се исушат во потполност. Поради тоа листовите се потемни и имаат појака арома.
Кој чај содржи повеќе кофеин
Иако генерално зелениот чај содржи помалку кофеин, ова не е секогаш случај. Процентот на кофеин варира од видот на растението и начинот на производство. Според податоците на една клиника, количината на кофеин која се наоѓа во чаевите варира од 24-40 милиграми по чаша зелен чај и 14-61 по чаша црн чај.
Кој чај содржи повеќе антиоксиданси
И црниот и зелениот чај содржат антиоксиданси, кои можат да делуваат превентивно на појавата на рак и други заболувања. Истражувачите со години се фокусирале на лековитите својства на зелениот чај. Новите истражувања покажуваат дека и црниот чај е многу лековит. Различниот начин на производство им овозможува на чаевите поинакви видови на антиоксиданси.
