ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* околу 35-40 палачинки
* 2 л млеко
* пудинга од чоколадо
* 2 пудинга од ванила
* 20 лажици шеќер
* 200гр шлаг крема
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Испечете ги палачинките. Се прават како и сите останати, тука нмеа филозофија. Намачкајте ги еурокрем. Наредете ги во длабок плех. Во 1л млеко сварете ги двата пудинга од ванила и 10 лажици шеќер. Полиете ги палачинките (веднаш додека е топло). Потоа ставете уште еден ред палачинки. Другиот пудинг од чоколадо сварете го исто и полиете го врз палачинките. Оставете да се олади. Изматете 200гр шлаг и украсете ги палачинките.
