Oliver Rousteing ја претстави својата машка колекција за модната куќа Balmain. Креирајќи во префинет правец , тој својата инспирација ја пронашол во оделите на офицерите на руската кралска војска што најдобро се гледа на војничките јакни со двојно закопчување и памучните кошули со руска крагна, но со неизбежното присуство на карактеристичните flash-and-tresh-rock-gods моменти по кои е познат Balmain.