Има многу луѓе кои патат од мрзливи црева, надуеност, нередовна столица… сето тоа може да предизвика неугодност, па и болка. За да не ги трпите повеќе овие тегоби направете го овој компот кој ќе ви биде од голема корист.
Благодарение на високиот процент на влакна кои ги има во сливите и крушите, овие намирници се одлични за пдобрување на работата на системот за варење.
Направете компот така што најпрво сувите сливи ќе ги исецкате и ќе ги отставите половина час во ладна вода. Потоа измијте ги и исцедете ги. Сварете вода во која ќе ставите ванилин шеќер или лимон. Во водата која врие ставете ги сливите и варете околу 10 минути. По тоа ставете ги и исецканите круши и варете уште 5 мин.
Количината на намирниците зависи од количината на компот која ја правите. Во која и количина да го правите внимавајте да не биде премногу редок, нека биде што појак.
