Премногу честата употреба на производи за стилизирање на косата доведува до натрупување на остатоците од производот, кои не можеме да ги измиеме во целост со помош на шампон.
Затоа јаболковиот оцет е природен и евтин начин длабински да ја исчистите косата. Кога ќе почувствувате дека косата ви е тешка, крута и нема сјај, едноставно нанесете јаболков оцет по миењето и исплакнете со ладна вода. Ќе добиете сјајна и мека коса за миг.
