Motherhood

Кошмарите се претвораат во среќа, кога ќе станеш мајка!

Постојано велам дека немам време и нерви да гледам дете. Не сакам да одам несредена со денови и да не ми е гајле. Не сакам наместо да планирам каде ќе заминам утре, да правам список со пиреа. Не сакам, не сум подготвена да бидам мајка. Но можеби само така мислам, бидејќи не занам што е, дури не можам ни да си замислам, моето срце да живее во телото на некој друг.

Вас, драги сегашни и идни мајки, сакам да ве поздравам со овој текст! Себе, исто така.

“Пред да станам мајка спиев колку што сакам и никогш не обрнував внимание за тоа во колку часот ќе си легнам.

Ги миев забите секој ден.

Се шминкав, облекував костум и одев на работа. Пред да станам мајка чистев еднаш неделно. Можев да сецкам домати за салата, но не и да готвам пилешка супа и уште барем десет вида манџи, да месам пита во облик на сонце и да одам на прошетка во 5 часот наутро.

Не знаев дека ако јас јадам марула, содржината во пелената ќе личи на пире од спанаќ.

Не се сопнував на играчките и не учев приспивни песни.

До пред да станам мајка никој не се осмелуваше да повраќа врз мене.

Никој никогаш не мокрел во мојот скут и не ми ги џвакал прстите.

Уште помалку сум си замислувала како некој цица од моите гради речиси деноноќно и ме користи како цуцла.

Целосно ги контролирав мислите и разумот.

Спиев ноќе. Имав време да сонувам.

Пред да станам мајка никогаш не било потребно да го држам детето со сета сила, за да може само до ѕирне неговото грло.

Не знаев како се облекува октопод со една рака.

Никогаш не би гледала полни со солзи очи, спремна и самата да се расплачам.

И не знаев што занчи да бидеш среќен од една детска насмевка.

Не знаев дека нема да можам да истерам некој од сопствениот кревет и да му ја поместам босата нога од мојата уста.

Пред да  станам мајка не држев никого во раце едноставно, бидејќи не можам да се одделам од него, да дишам со него, моето срце да чука со него.

Да раскажувам за трите прасиња и да лазам како куче.

Срцето не ми се кинеше на милиони парчиња, кога не можев да ја смирам болката “сега и веднаш”.

Не сум била свесна дека некој толку мал може да има толку големо значење. Не знаев колку е важно да не трепка, бидејќи штотуку заспа.

Не мислев дека може да сакам толку многу.

Не сум ни помислила дека некогаш ќе цртам по беспрекорно бојадисаните ѕидови и дека ќе се радувам за тоа.

Пред да станам мајка не знаев дека моето срце може да живее во телото на некој друг.

Не знаев каква среќа е да го доиш прегладнетото дете со болка од разранети гради.

Пред да станам мајка не се будев на секои 10 минутисамо за да проверам дали дише.

Идеја немав колку непоколеблива и уверена можам да бидам дури кога двајца доктори ме обврзуваат да го ставам детето на систем со антибиотик.

И потоа да се распаднам немоќна на тротоарот пред болницата.

Ми се лошеше само од помислата на крв…

Не знаев дека сум способна да преживеам толку силно чувство и да чувствувам толку длабоко.

Доживував ужас од варичела…

ГИ ПРЕТВОРИВ КОШМАРИТЕ ВО СРЕЌА! СТАНАВ МАЈКА!”

 

Напиши коментар