По трговските центри ќе пронајдете секакви козметички производи. Додека дел од нив се неопходни и корисни, останатите може и да ги одминете. Ви откриваме неколку козметички производи кои не ви требаат:
- Балзам за усни – Многу балзами за усни содржат алкохол, поради и што усните се сушат па мора постојано да ставате од него. Пробајте некое време да ги избегнувате и наместо нив користете масло од невен или бадем.
- Скапи пилинзи – За убава кожа и здрав изглед потребно е да направите добар пилинг. Но наместо да купувате скап пилинг, направете го тоа дома. Измешајте маслиново масло со морска сол или пченкарно брашно. Дури и со шеќер може да направите одличен пилинг на кожа која не е многу осетлива.
- Крема за бричење – Никогаш не треба да се бричите на суво, но кремата за бричење можете слободно да ја избришете од списокот за купување. Искористете го регенераторот кои ви останал на рацете после нанесување на косата и нанесете го на нозете. Регенераторот е одлична замена за кремата за бричење.
- Маска за коса – Наместо да купувате скапи маски, направете ги дома. Покрај тоа регенераторот исто така може да ја замени маската. Нанесете го на коса, намотајте ја со пластична кеса и пешкир и оставете да делува 15 минути. Ќе постигнете ист ефект како со скапа маска.