ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2дл кисела вода
* 1/2 лажица прашок за пециво
* 1/2 лажица сол
* 3 лажици масло
* брашно по потреба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Соединете ги маслото и водата, во брашното измешајте го прашокот за пециво и солта па замесете тесто кое нема да се лепи за прстите. Тавчето ставете го на оган да се загрее и подмачкајте го со неколку капки масло. Кинете парчиња од тестото и развлекувајте со помош на раце лепчиња со големина колку тавата, ставете ги да се пржат, затворете ги со капак и намалете го огнот. За една до две минути лепчињата ќе бидат запечени, завртете ги на другата страна, запечете ги и повторувајте ја постапката додека не го потрошите тестото.
