Мојата кујна

Крцкави ролнички со цимет

Ова е прекрасен и лесен рецепт. За да го направите не треба да поседувате некакви кулинарски способности. Потребни состојки се:

–      Тост леб

–      Шеќерен цимет

–      Путер

Најпрво исечете ги краевите на парчињата леб.

Потоа расукајте ги со сукало, како би се истенчиле и омекнале. Така ќе може полесно да ги свиткате без да се скршат.

Растопете го путерот.

Со растопениот путер премачкајте го секое парче леб. На него посолете поголема количина од шеќерниот цимет.

Ролувајте ги.

Ставете ги накратко да се запечат, доволно за да се карамелизира шеќерот.

Доколку сакате, може слободно да ги направите и во поинаква форма.

 

 

 

Write A Comment