Мојата кујна

Крем од ванила со портокали

Во студенава зима, ви приложуваме вкусен крем од ванила со портокали:

За кремот:

  • 3 портокали
  • Желатин
  • Слатка павлака
  • Кисела павлака
  • Екстракт од Ванила
  • Мед
  • Суво грозје
  • Шеќер

Се цедат три портокали и во нив се ставаат пет големи лажици желатин, се меша за да се згусне. Во сад на оган се става слатка павлака 300 грама и половина шоља шеќер. се додаваат три лажици ванила. Се меша додека не се соединат. Се додава грчки јогур или павлака и се меша додека смесата не се хомогенизира. Потоа се додава смесата со портокалите и желатинот. Се сервира во чашки и еден ден пред да се сервира се става во фрижидер. Се земаат портокали колку што има чашки и се сече кората со нож, да не остане од горниот дел на веќе излупен портокал. Помеѓу парчињата се сецкаат делчиња и се става во сад.  Откако ќе се стават така, се става две големи лажици мед, суво грозје, малку шеќер и по желба рум или шери. Се меша и се става саат време во фрижидер пред да се сервира.

Напиши коментар